Иџе: Народот ме поддржува, а АМС стана пречка за врвни резултати!
Foto

Иџе: Народот ме поддржува, а АМС стана пречка за врвни резултати!

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе изрази голема разочараност од односот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) кон него. Во минатото добиваше поддршка од АМС и логото на агенцијата беше на неговиот болид. Но тоа повеќе не е случај. Македонскиот автомобилист е гневен што ја нема поддршката од институциите. Со обраќање на Фејсбук тој го изрази своето разочарување, а за повеќе детали најави и прес конференција.

„Македонското сонце секогаш ќе го осветлува покривот на мојот болид, но со ваквите неспортски потези Агенцијата за млади и спорт (АМС) не заслужува спортска промоција во иднина од моја страна. Наместо Агенцијата за млади и спорт да биде најголемиот сојузник на врвните спортисти, таа стана најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати. Срамно е за институцијата која ме има прогласено за најдобар спортист на Македонија за 2014 година, која ми го има доделено највисокото Национално спортско признание и тоа како резултат на моите спортски успеси, оваа година и оваа натпреварувачка сезона, едноставно да ме заборави. Во услови кога ја имам најголемата поддршка од мојот народ, отсуствува институционалната поддршка. Несвојствено е како најтрофејниот македонски автомобилист од вкупно ????милиони денари кои се доделени на Автомобилистичка федерација за 2019 година да добие 0 (нула) денари од редовните буџетски средства и од средствата од Игрите на среќа...!!! Секојдневно добивам безброј пораки од моите македонски фанови со прашањето: Зошто не се натпреварував во европскиот шампионат и дали ќе може да ме гледаат и наредната сезона на најпознатите европски трки каде пред две години бев претендент за титула? Едноставно е срамно да се каже дека единствената причина за мојата натпреварувачка пауза е тоа што сум заборавен од единствената институција во Македонија која е задолжена за развојот на спортот и поддршка на македонските спортисти. Повеќе детали за односот на АМС кон мене и мојот тим наскоро на прес-конференција…“, рече Стефановски.

0 Коментари

Остави коментари