ИДФ: Во моментов нема нови закани од Иран
Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека во моментов нема дополнителни закани кон Израел од Иран, што укажува дека ракетниот напад е завршен, јави Тајмс оф Израел.
Израелците пред кратко време беа известени дека по еден час можат да ги напуштат засолништата.
-За време на одбраната извршивме неколку пресретнувања. Има одредени удари во центарот и областите на југот на земјата, изјави Хагари.
„Во оваа фаза, сè уште вршиме проценка на нападот, но немаме информации за евентуални жртви“, додава тој.