Иако беа најавени уште пред неколку месеци, клексаните се уште ги нема на позитивната листа на лекови
Долгонајавуваните клексани се уште ги нема на позитивната листа.....Наместо да ги подигнуваат на рецепт, граѓаните кои ги користат и натаму мора да ги плаќаат, а потоа да чекаат Фондот да им ги рефундира....
Директорот Клековски уште во ноември минатата година најави дека ќе бидат достапни два лека против згрутчување на крвта и дека ќе може да се земаат на рецепт во аптеките, но сега од фондот велат дека поради технички причини кои зависат од повеќе институции, се уште не е започнато издавањето на Клексан на рецепт.
Фондот засега не може да каже со сигурност кога ќе се надминат проблемите...
ФЗОМ
„До целосно воспоставување на оваа постапка, Фондот за здравствено осигурување продолжува да врши рефундација на купените количини Клексан, согласно важечката постапка за рефундација, со соодветна медицинска документација. За точен датум на започнување со издавање на рецепт, јавноста ќе биде навремено информирана веднаш по надминување на техничките предуслови.“
Позитивината листа не беше проширена со лекови повеќе од десет години, се до 2024-та кога беа додадени десеттина нови.
За годинава според најавите на првиот човек на ФЗОМ треба три пати да биде проширена позитивната листа на лекови, а фокусот како што најави ќе биде на лековите за кардиоваскуларни заболувања.

