И таткото на министерот Бочварски влезе во бизнисот со електрична енергија
Нова фирма велгува во бизнисот со струја, зад неа стои таткото на минсиерот за транспорт Благој Бочварски, Венцислав Бочварски.
Според податоците се работи за новоформираната фирма ТЕХНО ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Штип, која е е во сопственост на фирмата ТЕХНОИНВЕСТ ДОO, и во двата случаи како сопственик се јавува Венцислав Бочварски, татко на министерот Бочварски. Фирмата е основана на 10.1.2023 година, регистрирана со влог од 7.200 евра.
Министерот Бочварски за ТВ 24 вели дека во овој момент тој како министер не носи одлуки за инвестициите во компаниите кои се во сопственост нанеговото пошироко семејство.
„Фирмата Техноинвест опстојува на домашниот пазар повеќе од триесеттина години и е основач на фирмата Техно Енерџи. Имајќи предвид дека цел регион се наоѓа во енергетска криза која силно влијае врз ликвидноста на компаниите, секоја компанија бара начин како д аги намали своите трошоци во овие услови на енергетска и економска криза.“ - вели за ТВ 24, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Од Антикорупциска за ТВ24, велат дека будно ги следат состојбите поврзани со новоформирани фирми чииј бизнис е производство на струја.
„Будно ги следиме состојбите поврзани со новоформирани фирми чииј бизнис е производство на струја и работиме на предмети кои се поврзани токму со фирми кои се занимаваат со производство на струја.“ - велат од ДКСК за ТВ 24.
За поранешниот антикорупционер, Ариф Муса, не е ништо спорно што татко на функциоенр формирал фирма за струја, но ова е сигнал до антирупционерите д аги следата фирмите во чекори особено кога се работи з адржавни тендери.
Како сопственици на енергетски фирми во изминатите неколку месеци се појавија блиски роднини на актуелни или поранешни функционери, меѓу кои и синот на поранешниот премиер Зоран Заев, како и сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски која има удел во енергетска компанија формирана неколку недели по неговото назначување за заменик министер за финансии. Во ланецот на новоформирани фирми е и синот на а на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.