И политичарите да бараат прочка од граѓаните

Во пресрет на верскиот празник Прочка кој се верува дека е празник за чистење на душата, традицијата забележува богата експресија на адети и обичаи.

Помладите одат кај постарите за да побараат прошка со зборовите простими-простено да ти е. Обичајот со проштевањето потекнува уште од времето на појавата на христијанството, како една морална категорија тој што погрешил и што направил лошо да може да се искупи со тоа што ќе побара да му биде простено и со тоа што ќе му се прости.

Ги прашавме граѓаните како гледаат на овој празник и дали, покрај домашните, прочка од нив треба да побараат и политичарите.

Побарале или не побарале прошка или прочка политичарите од граѓаните, некои од нив остануват верни на традицијата па ќе го одбележат празникот кој како умее и може со своите вајблиски.

А на овој ден во Струмица и во Прилеп се одржуваат и традиционалните карневали. А градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов со аутфит на адмиралската униформа на Тито и со партнерка облечена како Јованка беа дел од забавата под маски во Струмица.

Инаку, празникот Прочка означува почеток на Велигденскиот пост.