И по една година од скандалот на онкологија - абер нема од епилог

Случајот „Онкологија” и по една година се уште во истражна постапка. На крајот на јануари Обвинителството отвори истрага за случајот со петмина осомничени и засега тоа е последниот преземен чекот за скандалот кој ги погоди сите онколошки пациенти.

Истрагата е во тек, по наредба на јавниот обвинител се вршат медицински вештачења во Словенија  е одговорот што го добивме од Обвинителството. Од Независниот синдикат на здравствени работници велат дека случајот „Онкологија“ е криминал на деценијата и срам за здравствениот сектор.

„Во врска со случајот Онкологија. Ние како Независен синдикат на здравствени работници и административен тех.персонал, уште лани кога излезе на виделина ,дадовме подршка на Органите на прогонот и активно учествувавме во неколку протеста.Ние сме на ставот дека што поскоро да се обелоденат Монструмите и здравствените профитери.Веќе е време во државава да имаа лична одговорност.“ - вели Боби Бојчевски национален координатор за здравство во КСОМ.

Од Синдикатот додаваат дека поради неколку луќе од фелата да бидат ставени на тапет сите во здравствениот сектор, затоа апелираат надлежните да го расветлат случајот за да се знае вистината пред се заради самите пациенти и нивните блиски роднини.

„Не може неколку монструми да ги оцрнат 20.000 вработени во здравствениот сектор.Во здравствениот сектор се хумани, чесни и патриоти. кои и со плати под просечната остануваат работаат и помагаат на граѓаните на Р Македонија. Затоа апелираме што поскоро да се затвори постапката и да се излезе со име и презиме на Здравствените профитери и монструми. Случајот Онкологија е криминал на деценијата и срам за здравствениот сектор.“ - вели Бојчевски.

И доека осканадлот што ја потресе јавноста нема абер од епилог , дел од онколошките пациенти за тв 24 алармирата дека се случуива епидемија со нови онколошки заболени, дека се цчека многу за Пет скен, но и за операциии,  дека скапата онколошка терапиа се уште ја нема на позитивната листа. Дополнително велат и дека не функционирата ниту онколошките центраи ни з дрќабвата. 

За случајот на Онкологија осомничени се поранешниот директор на Онкологија д-р Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи, за периодод октомври 2021 до април 2022 година. Сомневањата се во наока за нетранспарентни постапки, без објавување јавни огласи, набавката на лекови на реверс.

Истрагата во овој момент се однесува на два клучни аспекти. Едниот е дека биле набавувани лекови на реверс, без објавување тендери односно во нетранспарентни постапки. На ваков начин се создавале вишок лекови и терапии. Вториот аспект, е што се препишувале повеќе од потребни лекови на име на пациенти. Истрагата понатаму треба да утврди каде завршил вишокот.

Се формираше и комсија во Собранието, на која како сведоци беа повикани и сегашниот лидер на опозициската СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче, екс директорот Нино Васев, директорите на Фондот за здравство, како и онколошки пациенти. Мината недела од фондот за здравство изјавија дека клиниката за онокологија е цедн од најголемите должници кон фондот со долг од 650 милиони евра.