И гувернерот на Ломбардија во карантин, неговиот помошник е меѓу заразените
Foto

И гувернерот на Ломбардија во карантин, неговиот помошник е меѓу заразените

Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, Атилио Фонтана изјави дека и самиот ќе биде во карантин 2 недели. Изјавата доаѓа откако е утврдено дека неговиот помошник е позитивен на коронавирус.

Фонтана тоа го објави во видео-порака на Фејсбук, пренесува ББС.

Ломбардија е жариштето на ширењето на коронавирусот во Италија.

Во земјата досега се пријавени 400 случаи на заразени со коронавирусот, што е убедливо најголем број во Европа.

0 Коментари

Остави коментари