И ЕУ и Македонија ги „бетонираа“ позициите, експертски и партиски реакции за ЕУ иднината по средбата Кошта – Мицкоски
Искрениот однос со Антонио Кошта не значи дека се согласуваме со неговите ставови .- Вака премиерот Мицкоски ја оцени вчерашната средба со претседателот на европскиот совет Антонио Кошта кој беше во посета на Скопје на која беа забеторнирани позициите и на двете страни откако Кошта порача дека земјата знае што треба да испорача а пак премиерот Мицкоски и вчера но и денеска ги повтори истите позиции дека како што рече владата нема луксуз за нови авантури без гаранции бидејќи не очекува никакви промени во како што додаде радикалните ставови на официјална Софија .
Опозицискиот лидер Венко Филипче пак и денеска со порака до Мицкоски дека ја турка земјата во изолацијка и дека Кошта јасно му порачал дека нема дополнителни гаранции и одложено дејство на уставни измени туку од Македонија јасно се бара да го испорача договореното .
И дел од аналитичарите во посетата на Кошта не гледаат ништо ново и неочекувано . Професорот Мерсел Биљали во изјава за ТВ 24 вели дека пораката е јасна и дека доколку земјата сака да го оди европскиот пат мора да ги направи потребните уставни измени оти друга алтернатива во моментот нема .
Посетата на Кошта на Скопје беше дел од мини турнејата која ја имаше на земјите од западен балкан а во пресрет на Самитот на кој ќе се дискутира за проширувањето а кој ќе се оддржи в петок во Црна Гора .

