И ЕСМ Производство на топлинска енергија бара поскапување на парното

По ЕСМ Дистрибуција на топлина  и ЕСМ Производство на топлина поднесе барање за зголемување на цената на парното и топлинската енергија за 20 отсто, оправдувајќи го ваквото барање со зголемените трошоци за набавка на гориво. 

Регулаторната комисија за енергетика ја примила апликацијата на 18 јануари 2025 година, во која се наведува дека трошокот треба да се коригира за речиси 21 отсто. Регулаторната комисија сега треба да одлучува и по ова барање. Претходно регулаторот соопшти дека  компаниите имаат зголеми трошоци за производство но дека можното поскапување на парното нема да биде колку што бараат фирмите.