И без работа и без испратнина ќе останат 250-те текстилни работници од велешката модна конфекција „Стоби“
Foto

И без работа и без испратнина ќе останат 250-те текстилни работници од велешката модна конфекција „Стоби“

Нема испратнина за вработените од велешката модна конфекција Стоби, која на почетокот на месецов престана со работа и на улица остави 250 текстилни работници.

Најголемиот дел од нив биле вработени на определено време и имале договори до крајот на минатиот месец. Оние малкумина кои биле на неопределено, си потпишале спогодбен раскин на договорот.

Вака успеал да се заштитил сопственикот на конфекцијата, чиј странски партнер му ја откажа соработката. Законот за работни односи предвидува испратнина за работниците чија компанија ќе се завори од деловни причини, но само доколку договорите за вработување се раскинат еднострано. Од почетокот на месецот трудови инспектори секојдневно правеле надзори во фабриката, но откриле само дека решенијата за престанок на важност на договорите не се уредно доставени.

„Од извршениот надзор се утврди дека работодавачот не постапил по даденото решение, со што сторил прекршок по чл. 258 од Законот за работни односи, казнив по чл. 265 став 1 точка 21 и став 2 од истиот закон, поради што ќе се спроведе постапка за порамнување по добивање на потребните податоци за одмерување на висината на глоба за правното и одговорното лице. Од страна на присутното лице не се дадени докази дека е извршена уредна достава на решенијата за престанок на важноста на договорот за вработување на определено работно време.“

Сопственикот на конфекцијата Сашко Крстевски и денеска потврди дека причина за затворањето на фабриката е тоа што странскиот партнер ја откажал соработката. За тоа ги ибвини работниците кои имале намалена продуктивност и во последните неколку години не успевале да ја стигнат нормата поставена од странскиот партнер. Запрашан дали до крајот на годината на работниците ќе им подели К15, кој законски им следува, Крстевски вели дека фирмата не остварува приход, па сеуште не знае како тоа ќе го направи.

0 Коментари

Остави коментари