Гужви пред маркетите и банките, од утре нови мерки за ограничено движење
Foto

Гужви пред маркетите и банките, од утре нови мерки за ограничено движење

Тензична атмосфера пред банките, редици и колони на граѓани кои чекаат и по два часа за да стигнат на ред до шалтер. Ваква беше глетката претпладнево во градот. 

Екипата на Телевизија 24 на терен посети неколку експозитури на банки, а граѓаните велат дека никој не им кажува зошто по толку време се чека додека тензијата расте. 

Редица и пред маркетите, граѓаните го чекаат својот но ваква е сликата веќе подолг временски период па велт веќе се навикнати. Мора да ги купат продуктите што им се потребни за домаќинството пред да почне полицискиот час, кој денеска последен ден почнува од 21 часот, а веќе од утре со новите владини мерки ќе почне од 16 часот и ќе трае до 5 часот наутро во работните денови, додека за викенд пак ќе почнува од 16 часот во петок и ќе трае до 5 часот наутро во понеделник.

Во согласност со новите мерки, општинските кризни штабови ќе треба да определат и маркети од каде ќе се обезбедуваат граѓаните за време на продолжениот полициски час. Сите државни органи и институции и претпријатија, но и општинските власти, кои имаат вработени во Скопје што живеат во други градови и доаѓаат во главниот град на работа, ќе треба тие вработени да ги упатат на задолжително работење од дома. 

За останатите вработени, работното време ќе мора да се планира така сите тие да стигнат дома пред почетокот на забраната во 16 часот. Од новите мерки се исклучени вработени во здравствените институции, полицијата, армијата, царината, како и земјоделците и сточарите.

0 Коментари

Остави коментари