Гужва на Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце

 

Долги редици уште пред мугри се создадени на граничниот премин „Евзони“. Голем број од нашите сограѓани навалија кон Грција.

На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата и времето на чекање е околу 30 – 45 минути, велат од АМСМ.

Но, според камерите во живо од граничните премини најголемиот метеж од возила е на Богородица кон Грција, каде се чека подолго.Покрај автомобили, на граничните премини се создаваат колони и од автобуси и каминони, за кои има посебни ленти, но сепак, и кај нив има долги колони за чекање.

Проценките се дека исто така и за влез кај соседите се чека грубо околу 50 минути.