Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека Јемен е во непосредна опасност од најголема глад во светот во последните неколку децении.
- „Доколку нема брз одговор, милиони животи може да се загубат.“ - рече Гутереш за земјата, каде војната меѓу иранските бунтовници Хути и владините сили трае пет години. Владата во Јемен е поддржана од коалиција предводена од Саудиска Арабија со помош на западните сили, вклучително и Соединетите Американски Држави.
0 Коментари