GULF OIL ВО ПОДДРШКА НА „СКОПЈЕ КРУГ 2019“ И „МОТО КРОС ТРКА - ОРМАН“ СПОРТСКИ АВТОМОБИЛСКИ И МОТОЦИКЛИСТИЧКИ НАТПРЕВАРИ КОИ СЕ ОДРЖАА МИНАТИОТ ВИКЕНД

На 27 октомври се одржаа два големи спортски настани во авто-мото спортот во Македонија. „Скопје круг 2019“ – автомобилска кружна трка организирана од тимот на Custom Car Racing клубот, член на Автомобилистичката федерација на Македонија и „Мото крос трка – Орман“ во организација на мотоциклистички клуб Вардар член на Мотоциклистичката федерација на Македонија. GULF со гордост ги поддржа и двата настани и додели вредни признанија на вкупно 30 победници од двете трки во вкупно 10 класи натпреварувачи.

Авто-мото спортот во Македонија во последните неколку години е во затишје, но ова веќе почнува да се менува и ќе се случуваат многу повеќе настани и натпревари за вљубениците во автомобилските и мотоциклистичките трки. GULF OIL во Македонија ќе биде тука за да ги поддржи и да им помогне на организаторите во реализацијата на овие настани. Квалитетот, издржливоста и страста се вредности според кои го водиме нашето работење како компанија и несомнено ги делиме со сите вљубеници во авто-мото спортот“ – вели Владимир Стајиќ, генерален менаџер на GULF OIL во Македонија.

Освен поради овие два спортски настани, 27 октомври 2019 е значаен датум бидејќи GULF ја отвори својата петта бензинска станица, на автопатот Е-75 во близина на Неготино и го најави отворањето на следната, во близина на граничниот премин Богородица, веднаш по влезот во државата. Премиум горивата и услугите на GULF ги правиме достапни за сè повеќе потрошувачи во Македонија и активно се вклучуваме во развојот на нашето општество.