GULF OIL БАРА ИЗМЕНИ ВО ПРАВИЛНИЦИТЕ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ГУСТИНАТА НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги направи промени во правилникот за формирање цени на нафтени деривати, конкретно во делот на густината на нафтените деривати, кои влијаат неповолно врз работата на компаниите кои се занимаваат со трговија со нафтени деривати и горива за транспорт.
Честите промени во стандардите и во работењето го дестабилизира пазарот на нафта и нафтени деривати, спротивно на напорите на компаниите да го либерализираат и стабилизираат целосно.
Последната промена за новите густини на нафтените деривати и горива за транспорт кои се основа за сите давачки кои произлегуваат од купопродажбата и транспортот на горивата, ги присилуваат нафтените компании да работат во загуба, особено во делот со малопродажба. Посочени беа и примери за успешно функционирање од други земји во регионот.