Гулеска во 24 анализа: Еден здравствен тим не може да функционира без медицинска сестра

Медицинската сестра од примарно здравство, Христина Гулеска во 24 анализа рече дека медицинските сестри се првата алка во здравствениот систем.

Според неа, еден здравствен тим не може да функционира без медицинска сестра. 

„Јас сум медицинска сестра во примарно здравство тука спаѓаат и концесионерите и примарните амбуланти, ние работиме во тим со лекарот. Во една амбуланта може да има повеќе тимови во однос на бројот на пациенти. Ние сме прва алка. Во нашите амбулaнти може да се случи да има повеќе пациенти. Сестрата е таа која ги прма пациентите и му ја дава насоката што треба да направат, ги едуцира како да ја земат терапијата, дава некаква терапија, мери крвен притисок, сатурација и ги дава насоките кои треба да ги преземе лекарот и да ја даде дијагнозата. Медицинската сестра е база на здравствениот тим бијдеќи лекарот без неа е со врзани раце или без раце, лекар без сестра не може да функционира и еден здрвствен тим без сестра не може да функционира“, рече Гулеска.

Таа раскажа и дека во Прилеп во претходните неколку месеци седум матични лекари заминале во пензија. Според неа, медицинските сестри кои работеле во нивните ординации сега се без разбота.

„Конкретно за Прилеп во претходните неколку месеци 7 матични лекари заминаа во пензија и 7 амбуланти се затворени и медицинските сестри остануваат на улица. Медицинските сестри се дефицитни но конкретно во Прилеп има медицински сестри но вработување нема. Првично нема реални огласи за вработување, бидејќи огласите се фиктивни и се даваат кога сестрата е вработена. Ние немаме колктивни договори како сестрите во јавното здравје, имаме приватни договори со работодавецот. Медицинските сестри работат за минималец каде што немаат вишок на работни часови доколку останат. Ние работиме и многу повеќе и тоа не е платено. Немаме додаток на плата за стаж како сестрите во јавните здрвствени установи. Тешко е да се искористи боледување и кога се работи за едуакција сестрите се на нула,не се мотивирани да одат на едукации затоа што нивните работодавачи не им дозолуваат“, додаде Гулеска.