ГТЦ со загуба од 637 илјади евра, неправилностите во работењето опстојуваат

Архитектонскиот симбол на Скопје, ГТЦ, во текот на дванаесетмесечниот период трошоците ги надминале приходите, односно ГТЦ работело со загуба од 637 илјади евра.

Податоците произлегуваат преку преку Берзата која ги објави финансиските извештаи. Вкупно остварените приходи се во износ од 3,7 милиони евра. Првиот човек кој управува со ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, го тврди спротивното дека не се работи за загуби туку дека се работи за придобивки и за зголемен профит.

ГТЦ кој е синоним за урбана средина и простор кој ги поврзува луѓе последниот скандал беше поврзан со скандалот со „копањето“ криптовалути во подрумот на ГТЦ. Директорот, Трајчевски ги отфрли сите обвинувања дека некој копал криптовалути и биткоини.

Архитектонскиот третман на објектот е во полна релација со просторниот концепт и зонскиот распоред на функционалните групи.