Групно фаќање на крстот во водите на Вардар во Скопје
Foto

Групно фаќање на крстот во водите на Вардар во Скопје

По повод празникот Богојавление - Водици на мостот „Слобода" кај х. Холидеј ин во Скопје денеска се одржа традиционално осветување на водите на Вардар и положување на Чесниот крст.

Поради пандемијата, бројот на пријавени граѓани кои влегоа во водите беше ограничена на 20-тина, а по претходен договор меѓу капачите, немаше традиционало скокање по крстот, туку сите заедно и прегрнати до дочекаа положувањето на крстот.

„Единство, братство, сплотеност. Крстот ќе биде со сите нас, ние ќе го вратиме во црква и се одрекуваме од сите материјални награди. Оваа година имаме повеќе среќници, а не еден среќник“ порачаа верниците кои беа во водите на Вардар кога архиепиското Г.Г. Стефан го положи светиот крст во водата.

0 Коментари

Остави коментари