Групна тепачка во Кавадарци со фатален крај - убиен маж, за убиството осомничено едно лице
Foto

Групна тепачка во Кавадарци со фатален крај - убиен маж, за убиството осомничено едно лице

Шок и неверување кај жителите на кавадаречкото Брушанско маало, откако синоќа, половина час пред полноќ беше убиен нивниот сосед, 59-годишниот Зулфи Пашов. Бил прободен со нож, обидувајќи се да спаси негов роднина од ќотек.

Група од неколкумина прво го демолирале возилото на роднината, па почнале да го тепаат. Пашов притрчал да ги смири и да ги раздвои, но толпата му се нафрлила и нему. Во еден момент, еден од нив, кој е осомничен за убиството, замавнал со дрво и го удрил Пашов по главата, по што го турнал на подот, а потоа неколкупати го избодел со нож во пределот на градите.

Од здобиените повреди, на пат кон итната медицинска помош, Пашов починал. Убиецот побегнал, но на местото на настанот имало сведоци. Еден од нив е Аце Фазлиов, роднина на убиениот.

Според неофицијални информации, причината за инцидентот е семејна расправија, во врска со старателство на дете. Полицијата сомничи 45-годишен жител на Кавадарци, сосед на убиениот. Неколку часа по убиството тој бил во бегство.

Во пронаоѓањето на осомничениот учествувал и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој ноќта успеал да стапи во контакт со него и да го убеди да се предаде на полицијата. Јанчев потврди дека тој лично го пречекал осомничениот кај Росоман и со свое возило го предал на полицијата.

Попладнево на осомничениот за убиство му е одреден 30-дневен притвор. Јавен обвинител направи увид и нареди обдукција на телото на убиениот. Во меѓувреме, полицијата повикала уште четворица кавадарчани, за кои се сомнева дека учествувале во тепачката.

0 Коментари

Остави коментари