Групата од Грчец имала соработници во разни институции, петмина од уапсените одат во притвор

Судии на претходна постапка од Кривичниот суд, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство им одредија 30 дена притвор на петмина од осомничените од полициската акција во Грчец.

Прифатен предлогот за определување притвор за уште 10 лица кои се опфатнеи со акцијата, но тој ќе стане ефективен откако ќе бидат пронајдени. 

Според надлежните е една од најзначјаните истраги, со која се финишира разбивање на криминалните групи кои делувале повеќе од 30 години на територијата на град Скопје. 

Групата од Грчец имала соработници во разни институции. Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група која се сомничи за инволвираност во набавки на кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства во периодот од декември во 2019 година до март во 2021 година. При претресите се запленети голема сума на пари, луксузни автомобили и други вредни предмети.