Групата „Манескин“ победи на „ Сан Ремо“ и ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија
Foto

Групата „Манескин“ победи на „ Сан Ремо“ и ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија

Финалната вечер на 71то издание на фестивалот Сан Ремо ги донесе хитовите од претходната вечер, наречена „Шампиони“.

Годинава, поради корона пандемијата фестивалот мораше да воведе дополнителни мерки меѓу кои за првпат фестивалот се одржува без публика, туку само со присуство на оркестарот, водителите и гостите. Пред одржувањето на фестивелот, сите учесници беа подложени на карантин и задолжително тестирање.

На финалето повторно за кратко помошник на Амадеус му беше фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, како и претходните две вечери. Годинава како специјални гости на Сан Ремо се појавија и славниот скијач Алберто Томба и пејачот Умберто Тоци.

Фестивалот имаше пет вечери, а годинава беа одбрани 26 пејачи во категоријата Шампиони, кои вчера ги претставија песни, а на финалната вечер истите песни беа изведени во поинаков аранжман. Редоследот на изведување на песните го одлучи вчерашното гласање на жири комисијата. На финалето победникот го одбра гласањето преку телевоутинг.

 Според гласањето, во суперфиналето влегоа три песни, за кои повторно се гласаше преку телевоутинг. Трите најдобри беа Ермал Мета со песната „Имам милион работи да ти кажам“, Франческа Мишелин и Федез со песната „Повикај ме дома“ и групата „Манескин“ со рок песната „Тивко и добро“.

Победник на 71то издание на „Сан Ремо“ е групата „Манескин“. Тие ќе ја претставуваат Италија на годиншениот избор на Песна на Евровизија во Ротердам, Холандија со рок композицијата „Тивко и добро“.

0 Коментари

Остави коментари