Групата која носела Бразилки во „Џевахир“ за проституција седна на обвинителна клупа

Бразилката која носела Бразилки и посредувала за проституција во Скопје, заедно со уште тројца обвинети, седна на обвинителна клупа. Тие се обвинети за посредување при проституција и за перење пари.

Според досегашните сознанија на МВР, во периодот од декември 2023 година до денес, првоосомничената – бразилска државјанка со дозвола за привремен престој во земјава – заедно со второ- и третоосомничените македонски државјани, како и со две неидентификувани лица од Португалија, организирале врбување, прифаќање, превезување и сместување на женски лица од Бразил.

Синџирот бил меѓународен, а според Обвинителството, нелегалните активности се одвивале во апартман кој бил изнајмуван за 440 евра и се наоѓал во комплексот „Џевахир“.