ГРУПА ПРАТЕНИЦИ ОД ГРЦИЈА ЛОБИРА ЗА ДАТУМ ЗА МАКЕДОНИЈА
Foto

ГРУПА ПРАТЕНИЦИ ОД ГРЦИЈА ЛОБИРА ЗА ДАТУМ ЗА МАКЕДОНИЈА

Грчкиот парламент ги чека македонските избори во април – ако се почитува Преспанскиот Договор ќе се иницираат контакти меѓу пратениците на двете земји.

Генералниот директорат на грчкото Собрание одговорен за билатерални односи, пред една недела испрати писмо до пратениците и иницира формирање на група за пријателство со Македонија. Сепак дали двете земји ќе ги продлабочуваат односите или ќе се вратат назад, ќе зависи од новото парламентарно мнозинство по 12 април.

„Се разбира прво мора да ги почекаме изборите во Северна Македонија и формирањето на нов Парламент, со оглед на тоа дека вашата земја е во предизборен период сега. Но се разбира после изборите и доколку резултатите се во патека на имплементирање на Преспанскиот Договор, тогаш двете групи пријатели од Грција и Северна Македонија ќе имаат шанса за состаноци со цел да се скрши мразот помеѓу нас.“ - Јанис Бурнус, Сириза пратеник грчки парламент.

Јанис Бурнус пратеник на Сириза кој ќе биде дел од оваа група во изјава за тв 24 ја споредува грчката владејачка Нова Демократија со македонската опозициска ВМРО ДПМНЕ. Нова Демократија во предизборниот период најавуваше поништување на Преспанскиот Договор за добивање повеѓе гласови кај конзервативците.

„Истото го слушавме од конзервативците тука во Грција пред изборите, дека тие нема да го признаат и почитуваат Договорот, но сега велат дека ќе го респектираат. Истото го очејуваме и од новата македонска влада. Која и да биде новата влада кај вас ние очекуваме и секако бараме целосна имплементација на Преспанскиот Договор за доброто на двете земји. Со наша поддршка да се отвори патот кон европската интеграција на земјата која ние целосно ќе ја поддржуваме се додека се почитува и имплементира Договорот.“ - Јанис Бурнус, Сириза пратеник грчки парламент.

Официјална Атина со месеци испраќа порака дека ќе ја поддржува земјата кон ЕУ, но само преку имплементација на Преспанскиот Договор. Следниот понеделник во Солун ќе се оддржи и конференција за европската перспектива со наслов од Солун до Загреб, на која се очекува да присуствува и еврокомесарот Вархеи. Тој денеска во Брисел изјави дека Македонија и Албанија се способни да ги испорачаат реформите кои ги бара ЕУ

„Јас сум многу охрабрен по мојата посета на двете земји. Нема ништо друго освен членството како понуда.“ - Оливер Вархеи Еврокомесар за проширување

Засега се чека извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата, но јасно е дека последниот збор ќе го имаат земјите членки на ЕУ на 26 март. Тогаш ќе се види кои пријатели ќе застанат во одбрана за старт на европскиот пат на земјата.

0 Коментари

Остави коментари