Груевски за тв 24: ЛДП нема да го поддржи ваквиот формат на законот за легализација на дивоградби

Валентин Груевски советник од ЛДП во општина Битола во емисијата 24 анализа истакна дека неговата партија за ваков формат на законот, нема да го поддржат, но се подготвени да разговараат и да понудат амандмани кои суштински ќе го променат делот од законот.

„Една од најспорните позиции е членот 41 од законот за запирање на сите постапки кои досега се воделе и се суспендира работата на сите градежни инспектори и на сите инспекции во државата и општинските инспекторати. Тоа значи дека тие постапки кои сега се запираат, доколку имало дивоградба за која се вдело постапка, сега се запира и тој објект ќе се легализира.“ - вели Груевски.

Груевски смета дека се работи за еден лош закон кој треба да претставува продолжување на законт донесен во 2011. Тој закн беше лош, криво поставен и се на него што ќе биде дограден е лошо. Дозволата повторно да може да се гради на државно земјиште е опасно, зошто со законов, може да се изгради куќа на државно земјиште смета Груевски.