Груевски до Заев: На памет не ми паднало да влегувам во багажник, заминав брзо и лесно!
Foto

Груевски до Заев: На памет не ми паднало да влегувам во багажник, заминав брзо и лесно!

Бегалецот Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија – се огласи на својот фејсбук профил откако премиерот Зоран Заев изјави дека поранешниот премиер земјава ја напуштил сокриен во багажник од автомобил.

Заев во интервју за германските медиуми изјави дека Груевски избегал криејќи се во багажник на автомобил.

„Јас знам дека во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во коишто однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело, а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затворот ми подготвуваа линч. Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно“ - пишува Груевски на ФБ.

0 Коментари

Остави коментари