Груби за ТВ 24: Очекувам Македонија во декември да добие датум за преговори

Првиот вицепремиер и генерален секретар на ДУИ Артан Груби во емисијата 24 анализа рече дека се надевам на датум на преговори во декември.

- Се надевам дека ќе постигнеме нешто такво со поддршка на сите лидери на Европската унија по теркот на решението што го добивме во 2008 во Букурешт за НАТО кога добивме покана за членство во НАТО и како што знаете тоа се реши на амбасадорско ниво. Немаше потреба повеќе сами да се свикуваат за да се зачлени Македонија во НАТО. - рече Груби.