Груби за ТВ 24: Очекувам Алтернатива да стане дел од парламентарното мнозинство

Првиот вицепремиер и генерален секретар на ДУИ Артан Груби во емисијата 24 анализа рече дека Алтернатива очекува да стане дел од владата зошто имаат исти афинитети како и владата.

- Очекувам да бидат дел од парламентарното мнозинство и вадината коалиција зошто ги делиме истите вредности. И тие сакаат да ја видат Македонија интегрирана во ЕУ, го поддржуваат членството во НАТО, ја поддржуваат имплементацијата на Охридскиот и Рамковен договор, немаме разлики во стратешките интереси на државата. Треба реконструкција на владата, а не цел нов кабинет. - вели Груби.