Груби за тв 24: Не може да се решеваат денешни спорови со размислувања од 18ти или 19ти век
Foto

Груби за тв 24: Не може да се решеваат денешни спорови со размислувања од 18ти или 19ти век

Артан Груби вицепремиерот и министерот за политички систем и односи со заедниците во емисијата 24 анализа се надева дека ќе се изнајде решение со помош на партнерите во Брисел и Вашингтон да се откочи процесот со Бугарија. Груби истакна дека нема да има нови предлози за измена и дополнување нема, туку за имплементирање на добрососедскиот договор.

„Португалскиот предлог го предложивме, рековме дека е добар во основа за решавање на спорот, а Бугарија го дочека на нож. Денешниот наш предлог е се работи за обид за адресирање на нивната загриженост по однос на позициите на Македонија кон соседот и апсурдно е дека Македонија би имала било какви територијални претензии кон Бугарија.“ - рече Груби.

Вицепремиерот потенцираше дека апсурдно е да се спори идентитетот на било која заедница и целосно се солидаризира со македонците околу тоа прашање. Тоа не е во духот на европската солидарност и смета дека треба да се остане на Добрососедскиот договор.

„Не може да се решеваат денешни спорови со начин на размислување од 18ти или 19ти век, зошто сме веќе во 21ви век. Спорот може да се реши само ако гледаме во иднината.“ - рече Груби.

0 Коментари

Остави коментари