Груби професор по новинарство, Османи се враќа на Клиника, Грковска во МВР, Маричиќ и Шаќири бараат апанажа

Поранешниот прв вицепремиер и најблизок соработник на Али Ахмети ,  Артан Груби се враќа на факултетот по новинарство и нема да бара апанажа. 

Груби за ТВ 24 вели дека дека с евратил на старото  работно место.

Се вратив на Универзитетот каде што сум вработен. Предавам на Тетовскиот универзитет , на факултетот за новинарство . 

На клиниката за дигестивна хирургија се враќа и Бујар Османи ,, неговите сопартијци пак Фатмир Бесими и Крешник Бектеши се уште не одлучиле дали ќе побараат апанажа. Се мисли и екс министерот за правда Кренар Лога , додека пак неговиот сопартиец Азир Алиу вели дек аќе с еврати во приватниот информатичкисектор, 

Од фаворите на Али Ахмети во минатат Влада засега само екс министерот з аобразование Јетон Шаќири  побарал апанажа, бидејќи како што вели Ј како министер за образование дошол од функцијата директор на   „Водовод“ – Струга. А Бидејќи директорската функција не може да се стави во мирување, шаќири вели дека нема старо работно место и затоа побарал апанажа. 

Од таборот на Димитра Ковачевски апанажа побарал единствено екс вицепрмиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. Тој за тв 24 вели  дека барањето е поради тоа што останал без раборта, а пред да влезе во Влада дал отказ на работното место . Тој беше четврти на листата која ја предводеше екс лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и која доживеа дебакал како впрочем и сите носители на изборите, па од единица влегоа  само 3 кандидати . 

Со оглед на тоа дека пред седум години ја напуштив организацијата во која бев постојано вработен немам работно место кое чека во мирување. Затоа ја искористив законската можност да побарам апанажа согласно законски утврдените права на поранешните функционери. 

Тв 24 побаа став и до дел од поранешните министри на Ковачевски. Но со оглед нa фактот дека речиси целеиот негов тим  со се него станаа пратеници и беа носители на листи не им слеува апнажа. Во собранието добитно мести освен Маричиќ не добија ниту екс вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, но таа за тв 24 вели дек авеќе се вратила ан старото работно место во МВР , како и екс министерката за животна средина Каја Шукова.