Груби: Процесот на интеграција не смее да биде заложник на билатерални прашања

На својот фесбук профил се огласи и Артан Груби.
 
- Го споделувам и поддржувам ставот на премиерот Ковачевски во однос на билатералниот дијалог со Бугарија и евроинтегративниот процес. Процесот на интеграција не смее да биде заложник на билатерални прашања и да се киднапира од менталитетот на деветнаесеттиот век.
Носењето на одлуки во Европската унија мора да претрпи длабоки реформи без одлагање.
Не се откажуваме затоа што немаме друг пат, но нема ниту да станеме експеримент во 21 век. - напиша Груби.