Груби: Македонските партии беа против ветинг, сега го прифатија
„Кога предложивме целосен ВЕТИНГ на политичарите, судиите и обвинителите за да постигнеме неселективна правда и владеење на правото, двете македонски партии се двоумеа, а денес гледам ја прифаќаат нашата иницијатива и ја сметаат како неопходна.
Предложивме и измени на законот со кои администраторите запослени со средно образование кои имаат завршено високо образование во меѓувреме, ќе добиваат плати според нивото на образование, додека унапредувањето во институциите веќе нема да биде попречен од хоризонталните движења.
Не секој наш проект помина онака како што сакавме и зацртавме, но работата ја направивме, не само за нашите гласачи, туку за сите граѓани. За НАТО, јазикот, универзитетите, училиштата, салите, реформите, платите исл, нема што повеќе да се каже затоа што веќе се завршени.“ - пишува на фејсбук Артан Груби.