Груби ги скара ОЈО и Филков
Надзорот за законското постапување за случајот Артан Груби е на повисоко ниво односно на повисокото јавно обвинителство кое го врши надзорот но и постапувањето на јавните обвинители и советот на јавни обвинители велат денеска од Советот одговарајќи му на министерот за правда Филков кој ги повиока сите одговорни институции за изречената мерка киуќен притвор. Во дописот се наведува
Совет на јавни обвинители
- Во интерес на транспарентноста на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, а по повод јавната прозивка од министерот за правда на РСМ упатена до Советот да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, за да утврди дали постои одговорност кај јавните обвинители, ја информираме јавноста дека Советот во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители, а во согласност со член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тоа што го врши надзоро .
Филков пак и денеска на седницата за пратенички прашања само кратко од говорницата се осврна на овој случај одговарајќи на дел од пратеничките прашања од албанскиот опозициски блок . Но и ја потсети опозицијата дека ќе мора да се соочи со последиците од периодот кога Груби бил на власт и дека постапката мора да се води согласно уставот и законите .
Институциите да го сработат своето и професионално да постапуваат во врска со случајот со Артан Груби вели собранискиот спикер Гаши кој во изјавата која ја даде за медиумите по денешниот брифинг со новинарите порача дека крајно време е политиката да се тргне настрана од судството и рече дека не сака да коментира политички настани .
Груби се врати на почетокот на неделата и се сомничи за криминал од 8 милиони евра преку нарачка на апартаи во државна лотарија . По 14 месеци поминати надвор од државата доби мерка куќен притвор од 30 дена .

