Груби доби отказ – нема да предава веќе новинарство

Артан Груби е разрешен од професорската функција на отсекот новинарство на Правниот факултет во Тетово . Деканот на Факултет при Универзитетот  Сафет Емурли  веќе ионформираше дека на Груби му е испратено решение за отказ.

Постапката за отказ била почната поради тоа што не се појавил на работа во текот на декември. Груби бил таму вработен од 2012 година, а поради вршење јавна функција, местото било во мирување се до август 2024 година кога се вратил на работа. 

Завршена е постапката со отказ на споменатото лице. Значи веќе не е во работен однос во Тетовскиот Универзитет. Отказот му е пратен по пошта и електронски на службениот и-мејл, изјавил Емурли за МИА. 

Инјформацијата за отказот на Груби денеска ја коментираат и од  Вреди од каде  велат дека ова било одраз на неодговорноста на ДУИ низ годините,. 

„Веста дека  Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз на културата на неодговорност и ароганција која дуи ја негува со децении, оваа состојба е јасен одраз на културата на неодговорност која ДУИ  ја негуваше низ годините, велат од владејачката коалција. 

ТВ 24 и денеска ги контактираше институциите дали имаат некакви нови информации во врска со тоа каде се наоѓа точно Груби . Од МНР велат дека до сега ниту една од земјите во регионот и пошироко не доставила информации до нив дали Груби престојува не некоја од нивните територии по шпекулациите дека тој од Косово заминал во Албанија . 

Тој е второосомничен за случајот Државна лотарија покрај првоосомничениот Перпарим Бајрами кој исто така е во бегство а вкупно МВР сомничеше 8 лица  меѓу кои се најде и името на поранешниот екс премиер Ковачевски но од обвинителството велат дека се уште не се собрани доволно докази за отворање предмет за него и дека на тоа работи МВР кое треба да достави дополнителни докази доколку постојат за да може да се отвори предмет и за екс премиерот . Од МВР и денеска само кратко велат дека немаат нови официјални информации и дека тековно ќе информираат за се доколку има нови информации .  

На 9 декември 2024 година, Груби се најде на т.н Црна листа на американскиот Стејт департмент од каде посочија дека заедно со судија биле вмешани во значителна корупција преку примање мито за предмети поврзани со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. За поранешниот вицепремиер истовремено е  почната и кривична постапка за случајот со криминал во „Државна лотарија“.