Грозјето да се продава најмалку по ланските цени, му порачаа лозарите на министерот Димковски
Foto

Грозјето да се продава најмалку по ланските цени, му порачаа лозарите на министерот Димковски

Винариите да го откупуваат грозјето по цени не повисоки од ланските, односно 13 денари за килограм вранец и 11 денар за смедеревка. 

Ова е епилогот од денешната средба на претставниците на лозарското здружение „Напредни лозари“ со министерот за земјоделство Трајан Димковски. Тој се обврза дека ќе се сретне со винариите кои годинава ќе откупуваат грозје, за да ги убеди цените да не ги спуштат под ланската граница. Доколку не се постигне договор, лозарите ќе бараат од државата таа да го откупи целиот род или да помогне реколтата да се продаде на соседните земји.

Овој состанок, на кој присуствуваа и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и кавадаречките пратеници, е инициран откако завчера росоманската винарија „Мовино“ истакна ценовни за откуп на вранец од 7 до 9 денари по килограм и смедеревка по цена од 4 до 6,5 денари. Лозарите се револтирани од, како што рекоа, понижувачкиот однос на винаријата кон нив и повторно се заканија дека ако тоа продолкжи, домашните винарии нема да добијат ни зрно грозје.

Поради незадоволството од ланските цени, државата минатата година додели интервентна субвенција од два денари по килограм предадено грозје.

0 Коментари

Остави коментари