Гроздановски во Аргумент плус: Планираме десет годишна стратегија за развој на Друштвото на писатели на Македонија
Претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Живко Гроздановски во Аргумент плус рече дека во изминатите 8 месеци во Друштвото се подготвувало правна инфраструктура за функционирање, а предвидена била и десет годишна стратегија.
Тој зборуваше и за новите реформи кои ги најави Министерката за образование и наука Весна Јанеска поврзани со предметите Филозофија, Етика и Логика.
„Кога мислам на десет годишна стратегијаа мислам на една рубрика која што ја имавме пред неколку години која беше поттикната на моја иницијатива во списанието 'Стожер' што го имаме каде што членови пред се млади автори даваа своја визија за Друштвото и тие дванаесет автори сите дадоа добри идеи од реформа на списанието до да се воспостават книжевни резиденции и заштита на културното наследство. Тоа се големи проекти кои можат да се реалзиираат ако се во една поголема рамка во ваква стартегија, така полесно ќе обезбедиме и финансии“, изјави Гроздановски.
За новата гимназиска концепција, Гроздановски рече дека планираат да организираат трибина за да се крене гласот.
„Оваа предлог реформа е нешто што е очекувано бидејќи години нанназад гледаме како хуманиостиката се маргинализира до степен каде што треба да се избори за сопствено преживување. Она што може да направиме е протест за почеток една трибина во Друштвото. Моја идеја беше да се одржи една трибина каде што ќе се крене гласот и мислењњето каде што крајно важно е за критичкиот однос да се задржи да не се преклопи во капитализмот“, рече Гроздановски.