Гром удрил во авионот во кој биле македонските одбојкари, принудно слетале во Цирих

Одбојкарите на Македонија се враќаа дома по настапот на Златната лига во Белгија, а летот од Цирих до Скопје бил неочекувано запрен по неверојатна случка, гром удрил во авионот додека летал, објави порталот Екипа.

Поради ова, пилотот решил веднаш да се врати назад во Цирих каде што принудно слетал, за среќа без посериозни проблеми. Нашите одбојкари веќе се сместени во хотел и утре наутро со нов лет ќе тргнат кон Скопје.

Навистина неверојатна ситуација, додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно кога слушнавме што се случи, видовме силна светлина во непосредна близина, вели капитенот Никола Ѓоргиев.