Грковска: Не смее да се употребуваат државни ресурси во партиски цели во текот на кампањата
Изборите се тест за демократската зрелост, не смее да се употребуваат државни ресурси во партиски цели во текот на изборната кампања – порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Функционерите и избраните и именуваните лица треба да се придржуваат до етичкиот кодекс и да прават разлика меѓу партиските и државните активности.