Грипот се шири низ Македонија - во Скопје и Струмица најголемите жаришта
Грипот го достигнува пикот. За една недела регистрирани се 2.880 случаи на зболени. Најголем дел се деца, а најмногу пријавени случаи има во Скопје.
Според податоците на Инстутот за јавно здравје, во однос на истата недела лани, сега е забележано зголемување за дури 53,6 проценти.
„Како заклучок може да се констатира дека се забележува зголемување на бројот на зболени од вируси слични на грипот, кој е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени покажуваат дека има широка географска активност на вирусот, а проценот на позитивност е над границата од 10 проценти пет недели по ред. Во согласност со податоците, Македонија има висок интензитет на вирусот на грип во овој период.“ - д-р Марија Андоновска директорка на ИЈ
На Клиниката за детски болести и клиниката за респираторни болести Козле имаат и до 200 прегледи на деца со симпотими на грип и други респираторни болести. Од инситутот за јавно здравје велат дека се во координација и со Комисијата за заштита од заразни болести, но засега остануваат да важат стандардните мерки за заштита од грип.
„Како ИЈЗ апелираме да се следат препораките што се однесуваат на превенцијата на заболувањата од грип и слични на грип и воедно доколку некој е заболен да се следат препораките за самоизолација и другите препораки кои се веќе општо познати. Министерот за здравство пред неколку дена издаде насоки до здравствените институции за да се почитуваат превентивните мерки со оглед на постоечките бројки за кои има сознанија.“ - д-р Марија Андоновска директорка на ИЈЗ.
Сезонава на грип, бројот на регистрирани вкупно изнесува 11 614 лица, што во споредба со минатата сезона е повисок за 10%.