Грипот „коси“: Почина 69 годишен пациент

Втора жртва на грипот во Македонија. 69 годишен пациент почина на инфективната клиника во Скопје поради сериозни компликации од сезонскиот грип. Пациентот кај кого била потврдена инфлуенца А во болница бил донесен во тешка состојба и бил поставен на механичка вентилација.

Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести: Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масиевна пневмонија и акутен респираторен дистрес синдром. На пациентот веднаш му беше пристапено навремено од страна на медицинскиот тим во одделот на интензивна нега но и покрај сите преземени мерки. Пациентот за жал почина.  Пациентот е со доста коморбидитети, хронична опструктивна белодробна болест, кардиомиопатија и други болести. Многу е важно да се напомени дека пациентот не бил вакциниран.

Матичната лекарка Ирена Витановска вели дека најголемата причина поради која што секоја година се зголемува бројот на луѓе болни од сезонски грип кои понекогаш завршуваат и фатално е поради тоа што граѓаните немаат имунитет но и избегнуваат да се вакцинираат.

Ирена Витановска, матичен лекар: Немањето на имунитет, само тоа е. Кај некој луѓе пожелно е да примат вакцина затоа ние инсистираме хронично болните и стари луѓе да примаат вакцина за да се заштитат. Може да добијат грип и Инфлуенца А но тоа ќе бидат поблаги симптоми. На каков друг начин може да се заштитат граѓаните? Да се зголеми имунитетот, едовно земање витаминска терапија, избегнување на групирање во затворени простори.

На инфективна во моментов хоспитализири се околу 30 пациенти со грип. Од нив, дел се со полесна, а други со потешка клиничка слика, од кои неколку се со кислородна поддршка. Еден пациент е  на механичка вентилација.

Ова е втора жртва сезонава со грип, откако минатата недела на инфективната клиника во Скопје почина 75 годишна пациентка.