Греењето во Скопје ќе биде исто за сите потрошувачи, од 6 до 22 часот и внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен
ЕСМ спроведе промени во системот на греење на град Скопје за стандардизирање и изедначување на греењето, односно исти услови за сите потрошувачи - 62.000 домаќинства, деловни објекти и институции.
Промените значат дека одреден број потрошувачи приклучени на „ЕСМ енергетика“ сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија.