Грција се жали за дресовите на фудбалерите, но Преспанскиот договор не е обрвска за ФФМ
Foto

Грција се жали за дресовите на фудбалерите, но Преспанскиот договор не е обрвска за ФФМ

Фудбалската федерација на македонија нема обврска да го почитува договорот од Преспа, велат од министерството за надворешни работи, откако грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис поднесе жалба до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, поради кратенката ФФМ која стои на македонските дресови.

ШефОт на македонската дипломатијата бујар османи вели дека фудбалската федерација е независна и непрофитна организација а преспанскиот договор опфаќа само институции кои се финансирани од буџетот.

„Согласно преспанскиот договор, прашањето за името е за институции, организации и здруженија кои што примаат државни пари. Се додека ФФМ не прима државни пари, нема обврска да го прилагоди своето име според Преспанскиот договор. НМ и НМК според преспанскиот договор е само за регистарските таблички. За се друго е МК и МКД.“ - изјави Османи.

Грчкиот министер во дописот до УЕФА се пожали дека на македонските дресови, според договорот кој земјава го потпиша во 2018 година, треба да пишува „НМ“ или „РНМ“ од англиската верзија на уставното име.

За претставникот на грчката влада исто така спорно е и името на федерацијата а од првите луѓе на УЕФА бара детално да го разгледаат и тоа прашање бидејќи, како што наведуваат, е во спротивност со преспанскиот договор. според весникот „Катимерини“, и првиот човек на грчкото МНР, никос дендијас, испратил слично писмо до македонското министерство за надворешни работи.

А неколку дена пред да почне првенството, украинската репрезентација мораше да менува дел од изгледот на дресот по жалбата која ја упати Русија, бидејќи на дресовите имаше слоган  кој беше делумно отстранет поради политичка конотација. 

0 Коментари

Остави коментари