Грција контра Бугарија за Македонија
Главната порака која ја добив после посетите на претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен и Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји е дека Западниот Балкан и Северна Македонија не се оставени на страна за проширувањето на унијата вели премиерот Зоран Заев.
Во однос на преговорите со Бугарија премирот вели дека има одреден напредок но тоа нема никогаш да биде на сметка на Македонскиот идентитет.
За време на учеството на „Атинскиот демократски форум“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис порача дека неговата земја нема да ја подржи или да застане на страната на Бугарија во однос на блокадата на Северна Македонија.
Изјава Киријакос Мицотакис, Претседател на владата на Р.Грција - Не. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација. За неколку дена ќе сретнеме во Словенија. Треба на Западен Балкан да му понудиме јасна европска перспектива. Треба отворено да разговараме за проширувањето. Треба да пратиме сигнал дека за 10-15 години, колку и да е потребно, но дека Западен Балкан припаѓа во Европа, инаку евентуалниот вакуум што би се создал „ќе го окупираат други играчи“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен инаку синоќа од Подгорица уште еднаш ја повтори пораката дека сака да го види западниот Балкан во ЕУ. После информациите дека одредени земји не го подржуваат проширувањето Фон Дер Лајен кажа дека нејзината посета е „експлицитна“ порака за европската перспектива на регионот.