Грција ја продолжи забраната за влез во земјата
Foto

Грција ја продолжи забраната за влез во земјата

Ако македонските граѓани имаа надеж дека до крајот на август ќе можат да летуваат на грчките плажи, таа надеж денеска им пропадна. Имено министерската одлука за привремено ограничување на поврзувањата на Грција со Северна Македонија, Турција и Албанија, од 31 јули 2020 година, што е во сила до денеска, продолжена е до крајот на август. Одлуката се однесува на воздушните, копнените, железничките и морските поврзувања.

„За влез во грција во однос на копнената граница, од 17 август станува задолжително да се достави негативен тест за молекуларна контрола за сите што влегуваат од копнената граница“ - велат од грчкото МНР.

Македонските граѓани пак од денеска во Србија ќе можат да влезат само со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа. Одлуката, како што објаснија од српскиот кризен штаб, е донесена врз основа на проценката на епидемиолошката слика на земјите од регионот.

„Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои :Република Северна Македонија,Хрватска, Романија и Бугарија ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија. Тестот не треба да биде постар од 48 часа.За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест“ - велат од северниот сосед.

За разлика од Србија која ги затегна граничните протоколи, Црна Гора ги отвори границите за македонците, но само со задолжителен тест. Во Бугарија исто така  може да се влезе само со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Тест треба да се покаже  и на границата со Косово, но ако се работи за транзит тој не е потребен. Македонските граѓани без рестрикции можат да влезат само во албанија и Турција.

И додека ПЦР тестовите се вистинска главобиолка за македонските граѓани. Новите мерки направија хаос и на грчко-албанската граница. Колони долги по 20 километри од возила со албански државјани се заглавени на границата кај Какавија. По најавата дека нема влез во Грција без негативен ПЦР тест.

0 Коментари

Остави коментари