Грција драстично го зголемува данокот за имот за купувачи кои не се од ЕУ

Грчката влада значајно го зголемува данокот за имот за купувачи кои не се граѓани на земјите членки на ЕУ. Според информациите од грчките медиуми, новиот даночен режим стапува на сила на 1 јули 2027 година, а ќе се однесува на физички лица од трети земји кои купуваат станбен имот во Грција.

Данокот од 3,09% ќе се зголеми на 15,45%. Со оваа нова даночна политика, извесно е дека ќе бидат засегнати и граѓани на Македонија, со оглед на тоа што голем број наши државјани веќе поседуваат имоти во Грција, особено на потегот околу Солун и популарните краци на Халкидики.