Грчки медиуми: Идната недела прва средба Заев и Мицотакис
Foto

Грчки медиуми: Идната недела прва средба Заев и Мицотакис

Повеќе грчки портали објавија дека наредната недела во Њујорк ќе се одржи првата средба меѓу премиерите на Грција и Македонија, Киријакос Мицотакис и Зоран Заев. Според овие информации, разговорот би се случил на маргините на генералното собрание на Обединетите Нации.

Грчките портали пишуваат дека разговорот Заев – Мицотакис ќе биде особено интересен заради силното спротиставување, кое како лидер на опозицијата, Мицотакис го изразуваше во однос на Договорот од Преспа. Наведуваат дека мицотакис ќе ја отворел и темата за заштита на брендот Македонија. Од Владата засега нема потврда на овие информации 

0 Коментари

Остави коментари