Грчки експерти: Преспанскиот договор за Грција е завршена работа, се очкеува примена од двете страни
Foto

Грчки експерти: Преспанскиот договор за Грција е завршена работа, се очкеува примена од двете страни

Преспанскиот Договор за Грција е завршена работа, но доколку Македонија не го почитува, повторно може да добие вето на патот кон ЕУ, велат грчки експерти. Тие признаваат дека за разлика од Скопје, официјална Атина побавно го имплементира Договорот, но од друга страна владата на Мицотакис која не е најсреќна со потпишаното нема да дозволи Македонија да помине без санкции ако се обиде да го поништи.

„Да не заборавиме дека сегашната грчка влада не е многу среќна со овој договор и ако им дадете можност и почнете со реверзибилност тие ќе бараат поголеми санкции. И она што е сигурно е дека, без разлика дали владата во Скопје сегашна или идна не е посветена на Преспанскиот Договор, ќе има голем притисок во Грција до нашата влада да почне повторно да го блокира пристапниот процес кон Европската Унија.Ова повторно ќе не врати назад, во атмосферата пред овој договор да биде потпишан.“ - изјави Јоанис Армаколас универзитетски професор и шеф на ЈИЕ за тинк-тенк организацијата „Елијамеп“.

Александра Вудури новинар – Да бидам искрена, да ние не зборуваме многу за Преспанскиот Договор, не затоа што не е проблем и не поради тоа што луѓето во Грција се навикнаа на тоа што се случи со Преспанскиот Договор, туку само поради тоа што јавноста е преоптеретена и со други проблеми.

Владејачката Нова Демократија, која во Грција освои апсолутно мнозинство на парламентарните, локалните и европските избори слабо го имплементира договореното од Спогодбата во Нивици. Комисијата за историски прашања која по потпишувањето започна со интензивна работа, по изборите во Грција не функционира и се уште се чека на грчката влада да постави нови членови или да потврди дали истите грчки претставници може да продолжат со работа.

„Она што ние можеме да го заклучиме досега од сработеното е дека македонската страна работи повеќе на имплементацијата на договорот, грчката страна побавно но очекуваме и се надеваме дека двете страни ќе продолжат да бидат конструктивни и дека имплементацијата ќе тече непречено пред се во контекст на европеизацијата на Македонија или попрецизно во добивањето на датумот за преговори што побрзо.“ - изјави Иван Стефановски Еуротинк.

На министерската конференција од Солун до Загреб грчката дипломатија покажа дека презема иницијативи за Македонија и Албанија да добијат датум за влез во ЕУ уште на Европскиот Совет во март. Министерт за надворешни работи на Грција, Дендиас не сакаше да одговори што ќе преземе официјална Атина, ако идната македонска влада се обиде да го поништи Преспанскиот Договор.

0 Коментари

Остави коментари