Грчката амбасадорка ја напушти собраниската сала за време на говорот на претседателката Силјановска
Грчката Амбасадрока Софија Филипиду, ја напушти собраниската сала откако Гордана Силајновска Давковка, новата шефица на државата, за време на заклетавата кажа Македонија без да користи Северна.
Од грчката амбасада за тв 24 велат дека Филипиду, по инструкции на министерството за надворешни работи на Грција, веднаш откако Силајновска ја кажа заклетвата замина од Законодавниот дом.
Гордана Силајновска Давкова имаше свечено обраќање пред пратениците и целиот дипломатски кор и за време на говорот неколку пати кажа Македонија, а веднаш по свечената изјава замина во Вила Водно каде ќе седне на столчето на досегашниот претседател Стево Пендаровски.