Гранд хотел
Foto

Гранд хотел

Продуцентите на руската „Кујна“ сега отвораат хотел – „ГРАНД ХОТЕЛ“. Уште една приказна со добро познатите ликови кои успеваа да ве насмеат во кујната, сега надополнети со нова екипа, во нов простор.

Хотел Гранд е приказна за амбициозната и авантуристички настроена студентка на регионалниот универзитет за туризам Ксенија Завгородна. Таа сонува за работа во угостителството и управување со сопствен хотел.

Но, плановите на Ксенија како и нејзините студии на универзитетот се во опасност - директорот е целосно опседнат со неа. Девојката наоѓа храбар излез од ситуацијата но тоа води кон скандал. Сега таа мора да побегне од нејзиниот роден град во Москва надевајќи се дека ќе стане хостеса во хотелот каде што работи нејзин роднина.

Таму, девојката се соочува со вистински хаос: новиот ексцентричен сопственик менува си - од менаџментот до името на хотелот. Ксенија ја користи ситуацијата: таа се претставува како квалификуван специјалист кој се обидува да добие повисока позиција. Лагата е откриена многу наскоро. 

Девојката има само една шанса да се вработи - да почне да работи како собарка. Дали Ксенија ќе може да го скроти својот авантуристички карактер и да се вклопи во тесно поврзаниот тим на хотелот? 

Foto Foto Foto Foto Foto Foto Foto Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари