Гран При за Женскиот младински хор при МКЦ на меѓународниот хорски фестивал „Црноморски звуци”

На меѓународниот хорски фестивал и натпревар „Црноморски звуци" кој се одржа во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ ја освои главната „Гран при” награда.

Како што соопштуваат од МКЦ, освен на натпреварот, учествувал и на мастер предавањата каде се изучувале нови композиции заедно со другите ансамбли учесници, како и на концертите на фестивалот кој се одвиваше од 4 до 8 јуни. 

Ова е уште еден во низата успеси на хорот и маестро Сашо Татарчевски, наведуваат од МКЦ.

Патувањето и учеството беа поддржани од Министерството за култура и туризам како и Град Скопје.

Женскиот младински хор при МКЦ најавува дека продолжува со концертите во текот на јуни кои ќе се одржат во Охрид и Тетово.