Гран при за шпанската монодрама „Лирско вилинско коњче“ со актерката Зелија Ланаспа
Актерката Зелија Ланаспа од Шпанија е годинашен добитник на наградата Гран при за најдобра монодрама што ја доделува Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола. Актерката Ланаспа, воедно автор на монодрамата „Лирско вилинско коњче“, настапува во театарот МикроОпера во Сарагоса.
Меѓународното стручно жири во состав Рисима Рисимкин од Македонија, Емре Ердем од Турција и Лаша Чхартишвили од Грузија одлучи наградата за најдобар актер да ја додели на Роналд Ранд од САД кој во Битола ја изведе монодрамата „Нека биде уметност“, а наградата за најдобра режија ја додели на Невена Митева, режисерка на претставата „Декамерон“ на Државниот куклен театар од Сливен, Бугарија, која воедно вечерва ја доби и наградата на публиката.
- Горд сум и благодарен што повторно заедно создадовме уметност, ја прослвивме моќта на индивидуалниот израз и го потврдивме значењето на театарот како простор за дијалог, рефлексија и вистина. Со желба за нови средби, нови приказни и уште повпечатлици изведни, го прогласувам за затворен 26-от Интернационален фестивал на монодрама во Битола, истакна директорот на Центарот за култура, Влатко Илиевски.